На предлог на владината Комисија за именување, на денешната седница се донесени следните кадровски решенија:
– Кети Василеска, е именувана за вршител на должностa директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација.
– Ѓоко Танасоски е разрешен од должноста директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.
– Горан Сугаревски (поранешен министер за транспорт) се именува за вршител на должност директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.
– Зулфикар Зејнулаи, се именува за в.д. заменик на директорот во Дирекцијата за заштита и спасување.
Владата го разгледа предлогот на Управниот одбор на Национален Парк „Галичица“ Охрид, за разрешување на Васко Паскали од должноста директор на Установата по поднесена оставка поради извршување на друга функција и го разреши од должноста директор, на негово барање, и за вршител на должност директор на установата го именуваше Александар Миљовски.
Владата се информираше за оставката на Нехри Емрула од должноста директор на Агенцијата за енергетика и заклучи да му препорача на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика да го разреши од должноста директор, а за вршител на должноста директор да го именува Дарио Николовски.
Владата донесе одлука да упати препорака до УО на „ЈП Студенчица“ да го разреши директорот Урим Ахмети и на негово место да ја именува Ардита Дани.
Владата го именуваше Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја, за член на Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу С. Македонија и Бугарија.