СУДСТВОТО НЕ Е НА НИВО НА ЗАДАЧАТА, МУ ТРЕБААТ НОВИ ЛУЃЕ Заробените судии и обвинители мора да сфатат дека граѓаните бараат правда

Низата постапки кои беа направени изминатиот период кога СДСМ беше на власт наместо да придонесат кон реформа на правосудниот систем, дополнително го заглавија и го партизираа, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

151

 

Македонското судство со години се соочува со негативни оценки и не е на ниво на задачата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.






– Генерално во Република Македонија правосудството во континуитет добива негативни критики од сите извештаи. Факт е дека правосудството не е на ниво на задача на која што треба да биде и затоа имавме серија на обиди најпрвин да апострофираме, да сфатат самите, оној мал дел од судиите и обвинителите коишто се заробени од опозицијата, дека мора да се реформираат и дека мора да испорачаат правда за граѓаните – рече Петрушевски, во гостување на ТВ24.

Пратеникот посочи дека за време на владеењето на СДСМ наместо реформи, правосудниот систем бил дополнително партизиран. Како показател за нефункционалноста го наведе неработењето на Судскиот совет.

– Низата постапки кои беа направени изминатиот период кога СДСМ беше на власт наместо да придонесат кон реформа на правосудниот систем, дополнително го заглавија и го партизираа. Не може да очекуваме дека луѓето коишто го доведоа правосудството во ваква ситуација можат да го подобрат. При ваква состојба на судството, при вакви пресуди кои што ги имаме со ваква доверба од 2%, Судскиот совет изминативе неколку години не разрешил ниту еден судија – вели Петрушевски.

Тој оцени дека се неопходни сериозни реформи, за да се воспостави независен и професионален правосуден систем.

– Во делот на финансиска независност на правосудниот систем веќе имаше изјави од премиерот дека до крајот на оваа година ќе бидат донесени законите коишто значат одредување на процент од буџетот што ќе одат за судскиот и јавно обвинителскиот систем. Тие со тие пари ќе располагаат комплетно и за плати и за вработувања и за техничко функционирање, ќе бидат независни – рече тој.

Поголеми реформи кои ни се потребни во правосудниот систем се кадровските реформи, додаде тој.

– Ни требаат нови луѓе коишто ќе ја променат сликата на правосудниот систем – рече Петрушевски.

 

Поврзани содржини