СУДСКИОТ СОВЕТ НЕ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИТНАТА СЕДНИЦА Членовите ќе почекаат Советот да биде во полн состав

Двајца членови беа отустни на итната седница, поради што останатите едногласно одлучија да почекаат бидат во полн состав кога ќе избираат нов претседател на Судскиот совет.

907

Судскиот совет вчера попладне не избра нов претседател, затоа што имаше отсутни членови на итната седница што ја закажа претседателката Весна Дамева, откако претходно поднесе неотповиклива оставка.

Отсутни од итната седница беа судијката Лорета Георгиева опоради боледување и судијата Александар Камбовски поради годишен одмор.






По нејзината неотповиклива оставка Дамева свика итна седница на која првата точка од дневниот ред беше да се констатира дека таа повеќе не е претседател на Судскиот совет, а втората точка требаше да биде избор на нов.

Членот на Советот, судијата Исамедин Лимани предложи таа точка да биде одложена.

– Советот не е во полн состав на советот, двајца се отсутни од седницата. Исто така, ние сме во фаза на избор на двајца нови членови на Советот, еден член од судиите од општата листа од апелациското подрачје Штип и еден член од посебата листа, а изборите ќе се одржат на 11 декември. Затоа предлагам изборот на нов претседател на Судскиот совет да биде подоцна – рече судијата Лимани.

Со ваквата аргументација се согласија и другите членови и едногласно, со 11 гласа „за“ донесоа одлука изборот на нов претседател да биде одржав на некоја од наредните седници.

Судскиот совет има 15 члена, од кои 13 се со право на глас, а претседателот на Врховниот суд и министерот за правда се членови по функција, без право на одлучување.

Според Законот за Судскиот совет, претседателот има заменик, кој го заменува во негово отсуство. Двајцата се избираат со најмалку 8 гласови од членовите со право на глас. Мандатот на претседателот и на заменикот претседател на Советот трае две години, без право на повторен избор.

Поврзани содржини