Судот во Стразбур одлучи: Запираат судењата на СЈО, важи аболицијата на Иванов
Првата фаза е да се наложи на извршната и судска власт да најдат начин спогодбено да се спроведе одлуката од Стразбур во договор помеѓу правосудниот систем и прогонетиот, односно обвинетите или осудените. Рок за ова е до 20 декември годинава, дознава Вечер.
Судот за човекови права во Старзбур одлучил дека важи аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица и таа не е и не може да биде повлечена или укината, дознава Вечер.
Со тоа, најголем дел од предметите кои сега се во фаза на судење по обвинение од СЈО мора да се запрат, а обвинетите или осудените да бидат ослободени од прогон или казна.
Првата фаза е да се наложи на извршната и судска власт да најдат начин спогодбено да се спроведе одлуката од Стразбур во договор помеѓу правосудниот систем и прогонетиот, односно обвинетите или осудените. Рок за ова е до 20 декември годинава.
Втората фаза ќе настапи ако до март следната година не се спроведе првата фаза. Односно ако нема спогодба, одлуката на Судот за човекови права од Стразбур ќе мора да се спроведе облигаторно.