СУДОТ ВО ПРИШТИНА ГО ОСЛОБОДИЛ ДЕМИРИ ОСУДЕН ЗА „СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО“ Обвинителот го повлекол барањето за притвор
Судот во Приштина го ослободил Алил Демири, дознава ТВ Телма.
Адвокат на Демири и претставници на надлежните органи во Скопје потврдија дека бил ослободен.
Веста ја објавија и повеќе косовски медиуми. Неговиот адвокат од Косово Бесник Бериша за веб медиумот sinjali.com изјавил дека обвинителот се повлекол и дека екстрадицијата веќе еднаш била отфрлена.
– По приложените докази од одбраната и појасните аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на Обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот се повлече од барањето – изјавил адвокатот Бериша за sinjali.com каде беше објавена и фотографија од осудениот на доживотен затвор за петкратното убиство на Смилковско Езеро од април 2012 година.