СУДОТ ПРЕСУДИЛ ВО КОРИСТ НА ШАХТАТА!? Охриѓанец паднал во шахта, а сега треба да плати 200.000 денари

Судот прво се обидел да се договори со охриѓанецот Џепароски, а потоа пресудил дека шахтата била добро обезбедена, но тој не гледал каде оди. Повреди има, смета судот, но нема доказ дека се од падот во шахтата.

640

Охриѓанец паднал во отворена шахта, се повредил, поднел тужба против ЈП Нискоградба, но наместо отштета, Охридскиот суд пресудил дека шахтата била добро обезбедена и тој сега треба да плати 200 илјади денари за судски трошоци.

– Пред една година, на улицата Јане Сандански при разминување со луѓе паднав во отворена шахта и добив повреди. Шест месеци поминав по болници со лонгети и случајот го дадов на суд. Од ЈП Нискоградба се обидоа да се договориме, но јас не прифатив. За жал, во овој суд сè уште има судии кои не ни дозволуваат да ја истераме правдата. Јас ги тужам за паѓање во отворената шахта, а спорот го губам – рече Илија Џепароски на прес-конференција во Охрид, пренесе ТВ Алфа.






Осудениот Џепароски вели дека ова е голема неправда и додава дека случајот го изгубил и во Апелација, па наплатата е дадена на извршител.

За ваквата пресуда на судијата Богоја Стрезоски, кој го водел судскиот процес, Џепароски вели дека е преседан оти во Европа ваквите случаи се секогаш во корист на граѓанинот. Судијата Стрезоски во пресудата вели дека е факт оти Џепароски има повреди, но нема докази дека тие повреди се од падот во шахтата.

– Шахтата беше отворена, а месец дена претходно тука падна една повозрасна жена. Шахтата година дена си стоеше отворена, а судијата по брза и кратка постапка не ги зеде предвид нашите докази, не ги зеде камерите од ‘Рамстор’. Повика само еден минувач кој ме креваше од шахтата. Пресудата беше, ‘требало да гледам каде одам’. Се жалевме во Апелациониот суд во Битола, но апсурдот да биде поголем, во пресудата стои дека шахтата била обезбедена – изјави Џепароски.

Џепароски најави дека ќе бара средба со градоначалникот на Охрид, со министерот за правда , па и со претседателотот на државата, за да докаже дека правдата е на негова страна. Од Адвокатската комора, каде исто така се обратил, му рекле дека ваков случај досега немале.

Поврзани содржини