СУДОТ ОДЛУЧИ ЗА ПРИВЕДЕНИТЕ За осум осомничени 30 дена притвор, за еден осумдневен притвор

Според решенијата за определување мерка притвор, се наведува во соопштението, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст. 1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истрагата и опасност да го повторат делото.

1,234

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени девет лица осомничени, дел за кривичното дело криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осум од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од осум дена со оглед да против истиот е поднесен предлог во скратена постапка – соопштија вечерва од Основен кривичен суд Скопје.






Според решенијата за определување мерка притвор, се наведува во соопштението, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст. 1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истрагата и опасност да го повторат делото.

Против овие решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Инаку Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно преку соопштение откри детали во врската со акцијата и дека приведени се 10 лица на возраст од 35 до 54 години.

– Денеска е спроведена голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица, и тоа Б.А.(35), М.А.(40), И.А.(45), И.Ф.(47), А.А.(43), сите од Куманово, А.Ж.(53), Т.Т.(54), Д.К.Ш.(43), Џ.Ш.(36), од Скопје и Љ.Љ.(36) од Тетово, меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници. Деветмината се сомничат дека извршиле кривично дело криумчарење од член 278, а тројца од нив дека сториле и кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 од Кривичниот законик, додека при претрес кај А.А. бил пронајден и одземен кокаин. Имено, во текот на месец ноември 2021 година четворица од нив, меѓу кои два полициски службеника, во два наврата учествувале во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори, од царинската испостава на Меѓународен аеродром Скопје до зелениот појас во близина на државната граница помеѓу нашата држава и Косово. Притоа, осомничените царински службеници постапиле спротивно на нивните службени надлежности и не извршиле соодветна контрола на стоката согласно декларираната – соопшти МВР.

Поврзани содржини