СУДОТ ОДЛУЧИ ВРТОГЛАВА СУМА Колкава алиментација Ал Пачино треба да ѝ плаќа на 54 години помладата девојка?
Судот во Лос Анџелес му нареди на славниот актер да ѝ плати на Нур уште 110.000 долари пред да започне месечна исплата - 13.000 долари за ноќната медицинска сестра, а остатокот за медицинските сметки што не се покриени со здравственото осигурување.
Според документите до кои дојде „Пејџ сикс“, Ал Пачино мора да ѝ плаќа на поранешната девојка Нур Алфалах (29) повеќе од 30.000 долари месечно за издршка.
Судот во Лос Анџелес му нареди на славниот актер да ѝ плати на Нур уште 110.000 долари пред да започне месечна исплата – 13.000 долари за ноќната медицинска сестра, а остатокот за медицинските сметки што не се покриени со здравственото осигурување.
И не само тоа – судот му нареди на Пачино да плаќа 15.000 долари годишно во фондот за образование на неговиот најмлад син.
Судот одлучи Алфалах и Пачино да имаат заедничко старателство над детето.
Првично се појавија информации дека Ал и Нур раскинале на почетокот на септември, три месеци откако добија дете. Поранешниот пар беше во врска две години, а првпат беа видени заедно во април минатата година.
Во мај 2023 година беше откриено дека Алфалах е бремена во осмиот месец и го очекува своето прво дете заедно со Пачино, а негово четврто. Странските медиуми тогаш пишуваа дека Пачино бил изненаден од нејзината бременост, па Нур направила ДНК тест кој потврдил дека Ал е татко на нејзиното дете.
Еден месец подоцна тие го добија својот прв син Роман. И покрај тоа што тие сè уште се пар, Алфалах во септември поднела барање за старателство над нивниот син. Меѓутоа, причината за ваквата одлука не е позната.