СУДОТ МУ ЗАБРАНИ, АМА ДОДИК ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ Изборите ќе биле на ниво на Република Српска

Додик неодамна беше осуден од судот во Сараево на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на Република Српска „за непочитување на одлуката на високиот претставник на меѓународната заедница“.

186

Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, кој е и претседател на Алијансата на независни социјалдемократи, објави дека ќе биде кандидат на таа партија на изборите за прв човек на РС и следната година.

Тој додаде дека тоа е веќе одлучено и дека кандидатурата е потврдена.






– Злоупотребата на процесот на ниво на Босна и Херцеговина ќе заврши со тоа што во мај ќе го започнеме изборот на нова Републичка изборна комисија и ќе спроведеме избори на ниво на РС во согласност со нашиот изборен закон – рече Додик во интервју за белградскиот весник „Политика“.

Додик неодамна беше осуден од судот во Сараево на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на Република Српска „за непочитување на одлуката на високиот претставник на меѓународната заедница“.

– Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ја узурпираше надлежноста, каква врска имаат тие со изборите во РС. Преземајќи премногу обврски тие се задушиле. Презедоа премногу и не можат да го испорачаат – рече Додик.

Поврзани содржини