СУДОТ Ѝ ГО ОДЗЕДЕ ПАСОШОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА Притвор за првоосомничениот во продолжената акција „Адитив“

На Б.Н., осомничен за кривичните дела Злосторничко здружување, Злоупотреба на постапка за јавни набавки и Перење пари и други приноси од казниво дело му е определен притвор во траење од 30 дена, соопшти Кривичниот суд.

224

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска остана без пасош, откако Кривичниот суд ѝ го одзеде затоа што е осомничена во дополнетата истрага за предметот „Адитив“. Таа се товари за кривичното дело Оддавање службена тајна.

„Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против три лица, поврзани со продолжување на акцијата означена од обвинителството како „Адитив“, по нивното произнесување во судот донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител. Односно, против Б.Н. осомничен за кривичните дела Злосторничко здружување, Злоупотреба на постапка за јавни набавки и Перење пари и други приноси од казниво дело му определи мерка притвор во траење од 30 дена. За Б.П.М. и Т.Д. осомничени за кривичното дело Оддавање службена тајна, го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело“, соопшти Кривичниот суд.

Против овие решенија странките имаат право на жалба.

Поврзани содржини