Судот ќе одлучува во несогласувањата меѓу Наполи и Милик
Од друга страна, Милик е подготвен по судски пат да издејствува Наполи да му ги намири обврските околу неисплатени примања.
Сагата меѓу Наполи и Аркадиуш Милик е на пат да заврши на суд, објави италијанскиот весник „Coriere dello Sport“.
Според истиот извор, италијанскиот прволигаш ќе бара по судски пат да наплати еден милион евра од полскиот напаѓач, поради наводно нарушување на клупскиот имиџ преку кршење на одредби од договорот, што Милик го потпиша со Наполи во 2016 година.
Од друга страна, Милик е подготвен по судски пат да издејствува Наполи да му ги намири обврските околу неисплатени примања.
Несогласувањата меѓу Наполи и Милик почнаа, откако 26-ет годишниот полскиот напаѓач одби неодамна да го продолжи договорот и идното лето може да го напушти клубот без обештетување. Во меѓувреме, раководството на Наполи му го „замрзна“ статусот и Полјакот веќе не е во плановите на тренерот Џенаро Гатузо.
Милик дојде во Наполи од Ајакс за 35 милиони евра