СУДОТ ЈА ПРОДОЛЖИ ЗАБРАНАТА Душко не смее да ѝ се приближува на Јелена уште 30 дена

Како што наведоа српските медиуми, Карлеуша во петокот на сам Божиќ го пријавила својот сопруг во полиција за семејно насилство. 

610

Белградскиот Основен суд за уште 30 дена му ја продолжи на фудбалерот Душко Тошиќ итната мерка за забрана за приближување и комуникација со сопругата, пејачката Јелена Карлеуша, пренесува „Танјуг“.

Тошиќ во петокот на 7 јануари првично доби забрана од 48 часа за приближување, бидејќи ѝ удрил шлаканица на сопругата Јелена.






Полицијата во петокот, откако пејачката пријави дека сопругот е насилен кон неа, интервенираше во нивниот дом, но Карлеуша одби да оди на преглед во здравствената установа за повредите и одби да оди во полициска станица за да даде изјава за инцидентот.

Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.

Како што наведоа српските медиуми, Карлеуша во петокот на сам Божиќ го пријавила својот сопруг во полиција за семејно насилство.

Поврзани содржини