Судот ја прифати гаранцијата од 30.000 евра на браќата Усеини, се чека на Апелација дали ќе излезат од затвор
Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата и им го укинал притворот на охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат, но обвинителството поднело жалби па Усеини остануваат во затвор да ја чекаат одлуката што треба да ја донесе битолска Апелација. Ова за телевизијата Телма го изјавиле од охридскиот суд и објасниле дека ја прифатиле гаранцијата во пари, која од првично понудените по 10 илјади евра, сумата пораснала на 15 илјади евра или вкупно 30 илјади за двајцата.
Охрискиот суд предвидел определување на мерки на претпазливост.
Во четврток им истекува 8 дневниот притвор на браќата. Тие сами се пријавиле во охридснкиот затвор на 26 ти месецов откако претходно 6 дена беа недостапни . Браќата Усеини се осомничени за нападот врз Охриѓанецот Спирко Топалоски и се води истрага за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“.