СУДОТ ЈА ОСЛОБОДИ Милан Поповиќ ја тужеше Северина за психичко насилство поради интервју
Хрватската пејачка Северина доби ослободителна пресуда во тужбата на Милан Поповиќ за психичко насилство, пишува „Индекс.хр“.
Хрватската пејачка Северина доби ослободителна пресуда во тужбата на Милан Поповиќ за психичко насилство, пишува „Индекс.хр“.
Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ ја тужеше Северина за психичко насилство врз него во 2021 година, поради интервјуто што го дала за H-alter. Како што дознава „Индекс“, Високиот прекршочен суд во Загреб ја отфрлил жалбата на Поповиќ против првостепената пресуда од мај 2022 година, со која Северина беше ослободена од обвиненијата.
Судот одлучи дека интервјуто на Северина не спаѓа во сферата на психичко насилство и дека не е извршена ниту една форма на психичко насилство од дефиницијата за психичко насилство.
Инаку, српските медиуми пишуваат дека Северина денеска завршила во Прекршочниот суд поради нова пријава за семејно насилство, а како што дознава „Индекс“, станува збор за дополнително рочиште на кое се земаат дополнителни изјави на сведоци.
Во тој случај, пејачката е тужена за семејно насилство извршено, како што тој тврди, „навредувајќи го таткото на детето, пред детето“. Инцидентот се случил на крајот на јуни 2021 година.