„СУДНИОТ ДЕН“ НАПРАВИ ПОТОП ВО АВСТРИЈА Забележани 190.000 громови, невремето откорна покриви
Според проценката на австриската осигурителна компанија, во Форарлберг е причинета штета од околу 1,2 милиони евра и уништени се над 5.000 хектари род.
Обилните врнежи од дожд и мраз предизвикаа големи штети низ Австрија во текот на саботата, каде што Метеоролошката служба регистрираше 190.000 удари од гром во еден ден, најмногу од почетокот на годината, пренесува српски Курир.
Невремето во долината на Рина на западот на Австрија собори дрвја, ги симна покривите од куќите, додека патиштата беа поплавени.
Според проценката на австриската осигурителна компанија, во Форарлберг е причинета штета од околу 1,2 милиони евра и уништени се над 5.000 хектари род.
Патиштата во соседен Тирол кои беа блокирани поради кал и денеска се делумно отворени, јавува германската новинска агенција ДПА.
Starke Gewitter haben in Teilen Oberbayerns und Schwabens Schäden angerichtet. Hagel sorgte für einen winterlichen Anblick auf den Straßen und in den Gärten. Sogar Räumfahrzeuge und Schneeschaufeln kamen deswegen zum Einsatz.#Hagel #Gewitter #Unwetter pic.twitter.com/1QIZ3lRN6l
— wetteronline.de (@WetterOnline) July 13, 2024
Во Штаерска, на југоистокот на Австрија, невреме собори дрвја и предизвика поплави.
Во Корушка, работници на неколку езера мораа да спасуваат капачи, сурфери и луѓе на педалинки кои не можеа да стигнат до брегот поради високите бранови.
Синоќа четириесетина летови од аеродромот во Виена беа откажани поради лошите временски услови.
Невремето стигна и во Словенија. Словенечките медиуми јавуваат дека посилни ќелииски бури се појавиле над земјата и се движеле кон североисток во раните попладневни часови. Во Штаерска попладнето неколку минути паѓаше град, јавува словенечкиот портал „24ур“.
Sodni dan pri nas, toča kot tenis žogice. Zlomila stresna okna opeko. pic.twitter.com/E9Cc0x2oqd
— Joze Jerovsek (@JozeJerovsek) July 13, 2024
Агенцијата за животна средина во Словенија издаде портокалово предупредување за голем дел од земјата и предупреди дека во вечерните часови може да има посилно невреме во централна и североисточна Словенија.
Голем град паднал во околината на Словенска Бистрица и Словенске Коњице околу три часот попладне, но во следните часови невремето би можело да го зафати и источниот дел бидејќи олујниот појас се движи низ Корошка, Штајерска и Прекмурје.
Невремето се движи кон Хрватска. Во правец на Словенска Бистрица и Птуј – нешто повеќе од 20 километри – сега се движи посилна бура која покрај обилните врнежи и налетите на ветерот може да донесе и голем град. Уште еден посилен олуен систем во моментов патува кон сливот на Целје, пренесува МетеоИнфо.