СУДАР ПО УДАР НА КУЧЕ-СКИТНИК ЗАВРШИ ТРАГИЧНО Млад возач загина, а три лица се повредени во тешка сообраќајка

Во несреќата тешки повреди здобиле двајцата возачи и сопатничките од „БМВ“, 20-годишната А.С. и 53-годишната С.Ј., двете од Крива Паланка, кои се згрижени во Општа болница Куманово.

371

На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во близина на местото викано „Смилчинци“ во општина Старо Нагоричане, вчера се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 25-годишниот С.Т. од село Нерав, Кривопаланечко.

Како што информираат од СВР Куманово, несреќата се случила околу 19:05 часот кога патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т., удрило во скитничко куче. По ударот, возилото преминало во спротивната сообраќајна лента и директно се судрило со патничко „БМВ“ управувано од 27-годишниот Ф.Ј. од село Длабочица.






Во несреќата тешки повреди здобиле двајцата возачи и сопатничките од „БМВ“, 20-годишната А.С. и 53-годишната С.Ј., двете од Крива Паланка, кои се згрижени во Општа болница Куманово.

Возачот С.Т. им подлегнал на повредите, а неговото тело е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител. На лице место беше извршен увид од екипа на СВР Куманово.

Поврзани содржини