СКОПЈАНЕЦ ПРИВЕДЕН ЗА МАРИХУАНА – Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба вчера го лишиле од слобода Г.Д.(36) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СУДИР НА МОПЕД И МОТОЦИКЛ – На 20.08.2020 во 16.15 часот било пријавено дека во Куманово, на бул.„Октомвриска револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „генерикс“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.М.(23) од Куманово и мотоцикл „пијаџо“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(52) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.А., констатирани во Медицинскиот центар Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
ГОСТИВАРЕЦ СО АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ – На 20.08.2020 во 20.15 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Карпалак“, патничко возило „крајслер неон“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М.(41) од Гостивар, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
ПРИВЕДЕН АЛБАНЕЦ – На 20.08.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Ресен, од полициски службеници бил приведен З.Д.(29) од Р.Албанија, поради сторен прекршок по чл.4 од ЗППЈРМ. Со потврда за привремено одземени предмети одземена е патната исправа и тој ќе биде изведен пред суд.
СКОПЈАНЕЦ КАСНАТ ОД КУЧЕ – На 20.08.2020 во 23.45 часот во Полициската станица Карпош З.С.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Јуриј Гагарин“ бил каснат од куче скитник.
„ПАЈАКОТ“ ПОДИГНА 53 ВОЗИЛА – Во текот на 20.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се три возила бидејќи биле нерегистрирани, пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, констатирани се три прекршоци што ги чинат пешаците и 53 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.