Судир на два камиона на пат Ранковце – Крива Паланка го блокираше сообраќајот два часа

Во судирот учествувале товарно моторно возило „мерцедес“ со турски национални ознаки и товарно моторно возило  „волво“ со тетовски регистарски ознаки.

256

Сообраќајот на патниот правец Куманово-Крива Паланка беше речиси два часа во застој поради сообраќајна незгода што се случила утринава околу десет часот на магистралниот пат А2, помеѓу две товарни возила. Нема информација за повредени.

-Утринава, околу 9.40 часот во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Ранковце – Крива Паланка кај место викано Просеченик, Општина Ранковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со турски национални ознаки и товарно моторно возило  „волво“ со тетовски регистарски ознаки. Поради тоа сообраќајот беше во прекин до 1.40 часот –  информира портпаролот на СВР Куманово Ивана Младеновска.






Увидот на местото на незгодата сѐ уште е во тек.

Поврзани содржини