СУДИИТЕ ИЛИ НЕ РАБОТАТ, ИЛИ СТАВААТ ПРЕДМЕТИ ПОД ТЕПИХ Бараат 4 просечни плати, а судството ни е кафанско
Проблем е, што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат најчесто им е да удрат некој бизнисмен. На тоа се сведе судството и обвинителството во Македонија, и на седење по кафани. Добри се закониве, немаме ништо проблем во законите. Мали им се сега плативе. Повисоки плати имаат и од министри, и од премиер, и од претседател на држава, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во ТВ гостување.
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во ,,Само интервју” на Канал 5 телевизија, се осврна на повеќе теми меѓу кои и темата за правосудството во земјава. Тој зборуваше за нефункционалноста на судството, и го посочи како најголем проблем во земјата, при што истакна дека Владата не може да нема слух за истото.
– Проблем е, што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат најчесто им е да удрат некој бизнисмен. На тоа се сведе судството и обвинителството во Македонија, и на седење по кафани. Добри се закониве, немаме ништо проблем во законите. Мали им се сега плативе. Повисоки плати имаат и од министри, и од премиер, и од претседател на држава.
Како што вели тој, Владата донела принципиелен став и ги намалила коефициентите за платите на функционерите, а она кое што судиите и обвинителите моментално го бараат се 4 просечни плати.
– Уставниот суд ја укина одлуката за замрзнување на платите, кога наеднаш скокнаа платите за 78%. Ние имаме принципиелен став, дека од ова ниво нагоре платите нема да растат и ги намаливме коефициентите. Ако порано министер бил 3,5%, 3 и пол просечни плати, ако бил пратеник 3 ипол просечни плати, ако бил потпретседател на влада 3,7 просечни плати, премиер 4, претседателот 4,5, сега ги намаливме сега е 2,83. За судиите и за обвинителите да не важело. Па помножете 4 просечни плати во моментов ќе видите колку пари доаѓаат, ќе видите колку е тоа што го бараат судиите – рече Николоски.
Николоски посочи дека правосудниот систем е проблем број 1 во земјата и за истото не може Владата да нема слух.
– Ние сме најмногу да бидат независни. Нека испорачуваат резултати, нека си работат и ние да немаме дебата, ама ова е проблем број 1. Поразговарајте со било кој граѓанин, ова ви го отвора како проблем број 1. Ние не можеме неми да бидеме. Да велиме само затоа што ние немаме надлежност таму, ние ќе ќутиме – истакна Николоски.
Николоски укажа дека само тој додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција отворил многу корупциски случаи, но никако да се види било каков резултат од правосудството.
– Не може сите случаи да се утнати, од толку корупциски случаи нешто да беше почнато, ако мислат дека не треба нека кажат – посочи Николоски.