📽️ СУДИИТЕ ГО ЗАПРЕА ЈОКИЌ, НО НЕ И ДЕНВЕР Тимот најави груба игра по скандалот со „прегрнувањето“
Мораме да ги научиме играчите да го прават тоа. Ако е дозволено некој да го обградите со двете раце одзади сè додека допрете топка, тогаш тоа е подбивање. Тоа е основна работа што ќе ја воведам на тренинг, изјави тренерот на Денвер Нагетс, алудирајќи дека тимот отсега ќе игра „погрубо“.
Денвер Нагетс реши да „сврти нов лист“ по последниот скандал со судењето против Портланд. Сцената во која Тумани Камара буквално го прегрна Никола Јокиќ пред сите, без да биде досуден прекршок, ја прели чашата. Наместо фаул, судијата Зек Зарба свирна „мртва топка“, а Судијската комисија на НБА потврди дека сè било според правилата, јави Блиц.
– Мораме да ги научиме играчите да го прават тоа. Ако е дозволено некој да го обградите со двете раце одзади сè додека допрете топка, тогаш тоа е подбивање. Тоа е основна работа што ќе ја воведам на тренинг – изјави тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, алудирајќи дека тимот отсега ќе игра „погрубо“.
The imbecibility of the @NBA referees! He has called jumpball in this play when Camera is grabbing Jokic from behind. They are incompetent pic.twitter.com/y8Y7HxsAEz
— BasqueTradamus (@basketradamus) November 1, 2025
Ситуацијата се случила при резултат 107:107, шест секунди пред крајот. Јокиќ ја примил топката во аголот, Камара го фатил за телото и истовремено ја допрел топката. Судискиот сигнал за „мртва топка“ им овозможил на Портланд да дојде до победа 109:107.
Многумина сметаат дека овој потег ја отвора дебатата за недоследностите во судењето на најдобриот играч во светот.
Меѓутоа, Јокиќ останал мирен, како што секогаш прави, иако камерите го фатиле со поглед на неверување. Тренерот Аделман, напротив, најави нов пристап:
– Тоа ќе го правиме отсега, сигурно – подвлече децидно стратегот на Нагетс.
Од друга страна, навивачите го осудија ставот на Судијската комисија. На социјалните мрежи се појавија видеа и споредби со слични ситуации во кои други играчи добиле фаул за многу помал контакт.
Според американските медиуми, овој случај може да иницира нова ревизија на судиските упатства во лигата.