Судиите ќе покажуваат уплатници како доказ дека донирале во ковид фондот

666

Препораката на Здружението на судии за 20 одсто минимална донација од судиска плата во фондовите за борба против ковид-19 почнува да важи од понеделник, кога судиите ќе ја добијат априлската плата, јави телевизија Телма. 

Претставник на управниот одбор на Здружението на судии за Телма рекол дека здружението им препорачало на своите претставници во судовите да ги собираат и скенираат уплатниците со кои ќе се знае колку уплатиле, по што скенираните уплатници ќе бидат испратени во седиштето во Скопје и таму ќе се пресмета колку е висока нивната солидарност.






Судиите предизвикаа револт кај јавноста откако пред неколку дена Уставниот суд ја замрзна уредбата за минимална плата на државните функционери, директорите и судиите за април и за мај.

Поврзани содржини