СУДИИ ОД УСТАВНИОТ СУД ДОБИЛЕ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ Поднесена пријава до МВР
Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот.
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска поднел пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд.
Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот.
Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии.
Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги преземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој, но и на слични закани кон судиите.