Тројца судии од Врховниот суд на Македонија, и уште неколку вработени во судот, добиле денеска резултати дека се позитивни на ковид-19, пишува Нетпрес.
Бројките на заразени во државава секојдневно растат. Денеска се регистрирани 1.422 нови случаи, а починати се 33 лица.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472.