Судијката што доби удар со топче во вратот од Новак Ѓоковиќ ќе бара милионска отштета

2,811

Лаура Кларк, линијската судијка која стана позната откако тенисерот Новак Ѓоковиќ ја погоди со топче во вратот во осминафинален меч на Ју-Ес-Опен, ќе го тужи српскиот тенисер и ќе бара милионска отштета.

Медиумите во светот и во Србија прогнозираат дека Ѓоковиќ, без оглед што ѝ се извини на судијката и ги повика своите фанови да не ја навредуваат на социјалните мрежи, сепак би можел да плати отштета од неколку милиони долари.






Судијката Кларк падна како покосена по ударот од топчето и веднаш доби медицинска помош, но по неколку дена се врати на турнирот. Ѓоковиќ беше дисквалификуван и сега му се заканува тужба од Кларк за претрпен страв.

 

Поврзани содржини