СУДИЈКАТА, KOJA ПАДНАЛА НА ТЕСТОТ ЗА ИНТЕГРИТЕТ, НЕ СМЕЕ ДА ПРЕПОЛАГА Министерот Лога смета дека тоа е незаконски

Се отвора прашањето дали на судијата Манев ѝ е овозможено да полага тест за интегритет спротивно на законските одредби“ – се вели во соопштението од кабинетот на министерот Лога.

1,303

Министерот за правда Кренар Лога испрати писмен допис до Судскиот совет на Република Северна Македонија во кој се бара советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, според кое судијата Снежана Манев повторно има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет.

Во мислењето на Институтот наведено е дека Снежана Манев, кандидатка за Претседател на суд, била тестирана на 04.07.2023 година. Поради замор манифестиран во тестовна ситуација не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет поради што стручните лица препорачуваат таа повторно да полага на 14.07.2023 год.






„Укажуваме дека со ваквото постапување се создава нова незаконита пракса за лице што веќе еднаш не го положила тестот да добие можност повторно да го полага истиот.

Воедно, со ваквата постапка од субјективни причини се отвора прашањето, дали на судијата Манев ѝ е овозможено да полага тест за интегритет спротивно на законските одредби“ – се вели во соопштението од кабинетот на министерот Лога.

Поврзани содржини