Судијката Гинсбург е првата жена во историјата чие тело ќе биде изложено во Капитол Хил

323

Иконата на американските Либерали, ценетата судијка Рут Бејдер Гинсбург, кој почина во минатиот петок, стана првата жена во историјата чие тело поради оддавање на почит, ќе биде изложено во Капитол Хил.

Рут била омилена мешу граѓаните, поради бескомпромисната битка за човекови права и за рамноправност меѓу половите. Нејзината смрт болно оддекна меѓу Американците и во рамките на церемонијата на оддавање почит нејзиното тело е изложено пред зградата на Врховниот суд на САД, каде пред неа се поклониле илјадници граѓани. И со тоа уште еднаш влегла во историјата бидејќи за првпат тело било изложено два дена, бидејќи организаторите процениле дека еден ден ќе биде малку за сите кои сакаат да стасаат да и оддадат почит, јавува ББЦ.






Свеченото положување на телото на Капитол Хил, место во Вашингтон каде се сместени сите клучни правосудни и политички институции, е почит која досега ја добиле само неколку десетина заслужни поединци.

Прв кој ја добил таа почит бил сенаторот Хенри Клај, кој во 1852 година починал на среде мандат. Меѓу нив бил и американскиот претседател Абрахам Линколн, но досега сите биле мажи. Гинсбург е прва жена која со својата работа ги заслужила овој меморијал.

Ковчегот ќе биде префрлен на одарот на Линколн кој за оваа прилика е позајмен од американскиот Конгрес. Портретот на судијката Гинсбург, кој во 2016 го насликал Констанце Беати, ќе биде изложен во National Statuary Hallu.

Погрбот на Рут Гинсбург ќе се оддржи на националните гробишта Арлингтон во кругот на семејството.

Поврзани содржини