СУДИЈКАТА АЛЕКСОВСКА СТОЈАНОВСКА ФАТЕНА ВО ТЕЖОК ФАУЛ Нејзиниот сопруг работел заедно со мајката на Васо?!

Радио Лидер открива фрапантни наоди за блискоста на семејството на судијката Даниела Алексовска Стојановска сио семејствиото на Васо Јованов, кого таа го осудила за трговија со дрога, но наместо во затвор, го сместила во воспитно-поправен дом.

5,468

Потврдените информации до кои стигна Радио Лидер покажуваат дека семејството на судијката Даниела Алексовска Стојановска имало конекции со семејството на Васил Јованов Васо.

Порталот тврди дека мајката на Васил, А. Јованова, цели 5 години и 2 месеца работела во иста компанија со сопругот на судијката, Е. Стојановски.






Радио Лидер не може да ги потврди информациите дека двајцата колеги биле и куќни пријатели.

Ако ова се покаже точно, тоа би значело дека судијката морала да се изземе од предметот во кој судела и му пресудила на Васил Јованов, момчето кое на 29 јануари на пешачки премин во Скопје, со возило ја прегази и ја усмрти Фросина Кулакова, студентка од Неготино.

Илустрација: Радио Лидер

Поврзани содржини