Судијка од Врховен суд е меѓу осомничените за убиството на претседателот на Хаити

358

Полицијата на Хаити соопшти дека меѓу осомничените за убиството на претседателот Жованел Моиз е и судијка од Врховниот суд.

Во соопштението се вели дека судијката се сретнала со колумбиските платеници кои го ликвидирале претседателот.






Издадена е потерница за судијката Вендел Кок Тело, која беше отпуштена кога Моиз во февруари годинава објави дека е планиран државен удар против него. Засега не е познато каде се наоѓа таа.

Колумбиските платеници и двајца Американци со потекло од Хаити, кои беа уапсени по убиството на Моиз на 7 јули, рекле дека се сретнале со судијката Кок Тело.

– Неколкумина од нив изјавија дека биле во нејзината куќа и во полиција доставија документи потпишани за време на тие состаноци – изјави портпаролката на хаитската полиција Мари Мишел Верије.

Постојат многу отворени прашања во врска со убиството на претседателот на Хаити, меѓу другото, и како убијците успеале да го поминат обезбедувањето во куќата на Моиз.

Еден од највисоките функционери на администрацијата на Моиз беше уапсен под сомнение дека соработувал со убијците.

Поврзани содржини