СУДИЈАТА ВО 27 АПРИЛ ГО ПРЕКРШУВА ЗАКОНОТ Пресудата ја пишува уште од летоска

Првостепено осудените уште не ги имаат добиено пресудите, со што, практично, продолжува судската пракса за одлоговлекување и непочитување на законските одредби од Законот за кривична постапка, пишува Пресинг.

466

Поранешниот претседател на Собранието на РМ, Трајко Вељановски, екс-министрите Спире Ристовски и Миле Јанакиески, како и екс-директорот на УБК, Владимир Андоновски, уште не ги имаат добиено првостепените пресуди за собраниските настани од 27 април 2017 година, пишува порталот Пресинг.

Според првичното обвинение, тие беа обвинети како организатори на настаните, а потоа тоа беше преиначено, па одговараа за „изготвување план со намера да го оневозможат мирното примопредавање на власта“, што исто така беше подведено под терористичко загрозување на уставниот поредок.






Судијата Илија Трпков ги осуди Вељановски на 6,6, Ристовски и Јанакиески на 6,3 и Андоновски на 6 години затвор.

Пресудата беше донесена на 26 јули годинава.

Но, првостепено осудените уште не ги имаат добиено пресудите, со што, практично, продолжува судската пракса за одлоговлекување и непочитување на законските одредби од Законот за кривична постапка. Судското образложение дека тие се работат не може да го покрие отвореното кршење на основните човекови права и слободи

Поврзани содржини