СУДИЈАТА СО СОЅИДАНИТЕ 350.000 ЕВРА ОСТАНУВА ВО КУЌЕН ПРИТВОР Отфрлена жалбата на одбраната

Ристов засега се гони за две кривични дела - „Противправно стекнување и прикривање имот“ и за „Перење пари“.

190

Апелацискиот судија Ѓоко Ристов останува во куќен притвор, бидејќи Кривичниот совет ја отфрли поднесената жалба од одбраната, со која се бараше да се брани од слобода.

– Одлучувајќи по жалба на осомничениот Ѓ.Р., Кривичниот совет го потврди решението за куќен притвор, информираа вечерва од Кривичниот суд.






Судијата беше притворен, откако во неговиот семеен дом во Неготино беа пронајдени соѕидани 350.000 евра.

Ристов засега се гони поради сомнеж за две кривични дела и тоа „Противправно стекнување и прикривање имот“ и за „Перење пари“. Случајот против него, иако се финализираше по апсењето на адвокатот Фехми Стафа, кој беше уапсен со мито за да влијае кај судија за укинување на притворот на неговиот клиент Љупчо Пецов Ѓаволот, засега директно не се поврзува со ниту еден случај за примање на мито. Или, како што прецизираше предметната обвинителка Искра Хаџи Василева, дел од доказите наведуваат, но засега нема директен доказ дека судијата Ристов ги примил токму овие пари за конкретен предмет, а потоа ги сокрил.

– Примопредавањата кај високата корупција не одат од рака на рака, туку преку повеќе посредници – појасни обвинителката Хаџи Василева.

Поврзани содржини