СУДИЈАТА НА МЕЧОТ ХРВАТСКА – ПОРТУГАЛИЈА ИСФРЛЕН ОД МУНДИЈАЛОТ Под притисок на јавноста, одговорниот за судиите одлучи да го повлече Ескас

Сепак, некои сметаат дека судењето меѓу Хрватска и Португалија не е причина за исклучување на Ескас.

0

Норвежанецот Еспен Ескас, главниот судија на натпреварот меѓу Хрватска и Португалија во осминафиналето на Светското првенство, го заврши својот настап на турнирот.

По голема драма и одлука што ја подели планетата, Ескас го заврши своето прво Светско првенство.
Таква одлука донесе Пјерлуиџи Колина, кој е задолжен за избор на арбитри на првенството, по огромен притисок од јавноста.






Иако Норвежанецот добро си ја заврши работата, а последната одлука ја донесе во согласност со правилата, тој повеќе нема да дели правда.

Да  потсетиме дека на мечот Хрватска – Португалија,  Иван Матановиќ ја допре топката, што беше потврдено со чипот во Трионда, поради што израмнувачкиот гол на Ватрен во 103-та минута беше поништен.

Сепак, некои сметаат дека судењето меѓу Хрватска и Португалија не е причина за исклучување на Ескас.

Дуелите во кои европските селекции играат против екипи од други континенти сигурно не ги судат европски судии, а треба да се напомене и дека Норвешка е сè уште присутна на првенството, што ги намалува можностите на Ескас.

Затоа Колина можеби ја донела оваа одлука, а можеби само Ескас не бил планиран за финалето дури и пред турнирот.

Поврзани содржини