СУДИЈАТА ИЗНЕНАДЕН, АДВОКАТОТ ВОЗНЕМИРЕН Принцот Хари не се појави денеска на суд
Принцот Хари денеска не се појави во Високиот суд во Лондон во процесот против весникот на британскиот издавач на таблоидот Мирор Груп њузпејпер (МГН), по што судијата Тимоти Фанкорт рече дека е изненаден од неговото отсуство.

Судијата потсети дека Хари побарал да се појави на суд на првиот ден од неговиот случај, прнесеува АП. Адвокатот на МГН Ендру Грин изјавич дека „длабоко е вознемирен“ поради недоаѓањето на принцот Хари.
Претходно, беше објавено дека принцот Хари ќе стане првиот член на британското кралско семејство, во последните 130 години, што ќе сведочи на суд, каде ќе мора да зборува за неговите односи пред свадбата со Меган Маркл.
Инаку, принцот Хари утре неколку часа ќе одговара на прашања на адвокатите како сведок, со што ќе стане првиот висок член на британското кралско семејство на суд во последните 130 години. Тој е еден од стотиците луѓе кои ги тужат весниците на Мирор груп (МГН), издавач на „Дејли мирор“, „Сандеј мирор“ и „Сандеј пипл“, обвинети за хакирање телефони и други незаконски активности помеѓу 1991 и 2011 година.