Судијата ја уништи славната пејачка: Кели Кларксон мора да му дава на бившиот 200.000 долари месечно
Пејачката Кели Кларксон, победничката на „Американскиот идол“ во 2003 година, се наоѓа во пеколот на бракоразводниот процес со сопругот Брендон Блексток, со кого има две деца.
Судијата во Лос Анџелес донесе одлука дека музичката sвезда е должна да му исплаќа на својот сопруг 200.000 долари месечно, вклучувајќи и 45.000 долари алиментација за децата, пренесува „Пипл“.
Брендон Белсток годишно од својата поранешна сопруга ќе добива околу 2,4 милиони долари. Според одлуката на судијата, Кели Кларксон е должна да плати 1,25 милиони судски трошоци за себе, но и за нејзиниот сопруг. Американските медиуми претходно пишуваа дека Блексток бара од неговата сопруга да му исплаќа двојна бројка секој месец, но судот тој износ го преполовил.