Судија од Штип, член на Судскиот совет e позитивен на ковид-19, а се заразил и возачот на Здравев

631

Судијата Сашко Ѓеоргиев, член на Судскиот совет и поранешниот возач на претседателот на советот судијата Киро Здравев се позитивни на коронавирусот, потврдија од Судскиот совет за Плусинфо.

– Информацијата дека имаме позитивен на коронавирусот ја добивме утрово, по што вработените од архивата кои биле во контакт со возачот веднаш се изолирани и е спроведена целосна дезинфекција на просториите, а вработените се редуцирани во однос на доаѓањето на работа – велат од Судскиот совет.






Инаку, возачот на претседателот на Судскиот совет вчера правел тест кој бил позитивен, но како што велат од Судскиот совет, тој веќе две недели не работи со претседателот на советот, тој имал друг возач и токму поради тоа Здравев кој вчера и денес беше во законодавниот дом не е во изолација. Судијата од Основниот суд во Штип дознал дека е позитивен во вторникот.

Вработените во Судскиот совет чекаат дополнитени инструкции од Инситутот за јавно здравје.

Поврзани содржини