СУДИЈА НАТЕПАН ОД ГОЛМАН И ОД ФИЗИОТЕРАПЕВТ Го нападнале на стадион во Тетово

Двајцата напаѓачи биле дел од гостинската екипа од Кичево.

384

Фудбалски судија од Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат од голман и физиотерапевт по натпреварот на „Тетекс“ и „Влазрими“ што се одржа вчера во Тетово.

Како што соопшти полицијата, на 26.03.2025 во 19 часот во СВР Тетово, М.М.(38) од Скопје пријавил дека околу 17 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Влазрими“ од Кичево, на кој бил судија, бил физички нападнат од физиотерапевтот Ј.С. и голманот В.Н.






Двајцата напаѓачи биле дел од гостинската екипа од Кичево.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини