„СУДЕТЕ МИ НА ИЗБОРИ, АМА АКО ПОБЕДАМ БАРАМ ИЗВИНУВАЊЕ“ Мицкоски одговори за обвинувањата за пожарот во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека граѓаните ќе му судат на избори, а обвинителот нека го обвини веднаш ако има кривична одговорност. Во интервју за „Само интервју“, тој ја отфрли секоја вина и обвини за „некрофилска кампања“ насочена против него.

426

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Само интервју“ на Канал 5 одговори на обвинувањата во јавноста за наводна политичка и морална одговорност околу катастрофалниот пожар во Кочани што се случи пред четири месеци.

– Нека судат граѓаните дали сум виновен или не. Мојата политичка одговорност е на избори. Ако имам кривична одговорност, нека ме обвини обвинителот веднаш. Но, ако не е така, барам јавно извинување од сите што водат морбидна некрофилска кампања – изјави Мицкоски.






Тој подвлече дека Владата што ја води нема двојни аршини и дека делува единствено врз основа на постапки од Обвинителството.

– Оваа Влада прва покажа дека приведува и лица од владиниот кабинет, институциите и високи структури на МВР. Ниту јас, ниту било кој од Владата имал контакт со Обвинителството – рече Мицкоски.

Дополнително посочи дека Владата направила и политички чекор назад кога се стопирала смената на јавниот обвинител, со цел да не се наруши независноста на институциите, иако тоа, како што вели, ги чинело политички поени.

– Ако граѓаните ме поразат на изборите што следуваат за два до три месеци, другиот ден си поднесувам оставка. Но ако победам, барам извинување и престанување на некрофилијата за политички цели – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини