СУДЕЊЕТО ЗА „ЛАСКАРЦИ“, СЕПАК, НЕМА ДА ПОЧНЕ ОД ПОЧЕТОК Судијката Ристеска времено делегирана во Кривичен суд

Пресудата за овој предмет, кој се суди со години, е закажана за 25 јануари и со изборот на Ристеска во Апелациски суд имаше опасност предметот по којзнае кој пат да почне од почеток.

139

Судскиот совет на итна седница попладнево едногласно ја делегираше судијката Александра Ристеска, која денеска даде заклетва и беше избрана за судија во Апелациониот суд, да се врати во Кривичен и да го заврши предметот за Ласкарци.

Пресудата за овој предмет, кој се суди со години, е закажана за на 25 јануари и со изборот на Ристеска имаше опасност предметот по којзнае кој пат да почне од почеток, со оглед на тоа што Ристеска е дел од судечкиот совет за овој предмет.






Денеска дури по давањето на заклетвата претседателот Иван Џолев го информирал Судскиот совет дека за на 25 се подготвува пресуда за предметот.

Сите членови беа едногласни дека Ристеска треба времено да се упати во Кривичниот суд додека не се изрече пресудата.

Несреќата се случи на 13 февруари 2019 година и имаше 16 жртви, а досега не е донесена правосилна пресуда.

 

 

Поврзани содржини