СУДЕЊЕТО ЗА „КОЧАНИ“ ПОЧНУВА НА 19 НОЕМВРИ На обвинителна клупа ќе седнат 37 обвинети, ќе ги бранат 33 адвокати

Кривичниот суд го закажа почетокот за 19 ноември во 9.30 часот. Ќе се бара одговорноста за смртта на 63 млади лица и за повредите на околу 200 лица, кои кобната вечер на 16 март присуствуваа на концерт на популарниот бенд ДНК.

637

Почнува судењето за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија – катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Кривичниот суд го закажа почетокот за 19 ноември во 9.30 часот. Ќе се бара одговорноста за смртта на 63 млади лица и за повредите на околу 200 лица, кои кобната вечер на 16 март присуствуваа на концерт на популарниот бенд ДНК.






Главната расправа за кривично правниот предмет „Кочани“ со К.бр. 1872/25 ќе се одржува во судницата во затворот „Идризово“.

На обвинителна клупа ќе седнат 37 обвинети лица, кои што имаат 33 бранители.

„Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани, па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, беше одобрен во целост. Согласно АКМИС-системот, распределен на понатамошно постапување е кај судија Диана Груевска Илиевска. Поради интерес на медиумите и невладинитњ организации кои ја следат работата на судот, но и заради транспарентно известување на јавноста за предметот, информираме дека покрај судиите кои се иззема од постапување пред оцената на обвинителниот акт,  дополнително и судиите Тамара Витларова-Смилевска и Илина Смичковска-Илиевска се изземаа од постапување по предметот поради исполнување на законските одредби, односно, лично познанство со дел од оштетените“, соопшти Кривичниот суд.

Како втор член на судечкиот совет кој ќе постапува по предметот, согласно измените на годишниот распоред за постапување на судиите, ќе постапува судијата Ахмед Идризи, се додава во соопштението.

„Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа, односно: 25.11.2025 година, 26.11.2025 година, 2.12.2025 година, 4.12.2025 година, 10.12.2025 година и 11.12.2025 година. По отпочнувањето на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини. Поканите до странките се веќе во фаза на достава“, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Јавното обвинителството на 13 јуни поднесе обвинение против 34 физички и против 3 правни лица за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој животот го загубија и 6 малолетници. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски тогаш рече дека сите се обвинети за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност.

– Обвинети се за кривични дела со кои заеднички, со учество во дејствие на извршување на кривично дело или со друг особен придонес кон извршување на делото, предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери на место каде што се собрани поголем број луѓе, односно, на 16.3.2025 година, при настапот на музичката група ДНК во угостителскиот објект „Клуб Пулс“ Кочани каде во пожар 62 лица го загубија животот, со тешки телесни повреди се здобија 157, а со телесни повреди уште 54 лица. Обвинетите делото го сториле со свесно непостапување според прописите и техничките правила за заштита, а дел од нив и со директно општоопасно средство и дејствие со кое бил предизвикан пожарот – рече државниот обвинител Коцевски.

Според обвинителниот акт, со години наназад се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало дискотеката „Пулс“ да функционира, иако не ги исполнувала ниту минималните технички услови за безбедност и за заштита од пожари. Обвинети се сопствениците на дискотеката, членови на нивните семејства, соработници, поранешните градоначалници на Кочани, инспектори, обезбедувачи и државни функционери, односно двајца поранешни министри за економија – сите тие со своето сторување или со несторување придонеле да се случи огромната трагедија.

НИКОЈ НЕ ПРИФАЌА ВИНА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Обвинението затрупано од приговори

Поврзани содржини