СУДЕЊЕ ОД ПОЧЕТОК ЗА ЛЕКАРИТЕ НА МАРАДОНА Седуммината се соочуваат со затвор од 8 до 25 години

Судењето е поништено откако еден од тројцата судии во случајот поднесе оставка како последица на критики во јавноста поради негово учество во документарен филм за случајот.

642

Судот во Буенос Аирес денеска го поништи судењето за вината на медицинскиот тим што се грижеше за здравјето на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој почина во ноември 2020 година.

Судењето е поништено откако еден од тројцата судии во случајот поднесе оставка како последица на критики во јавноста поради негово учество во документарен филм за случајот.






Судот имаше опција или да избере нов судија или да го поништи тековниот тек на судењето, а се одлучи за второто.

Меѓу седумте обвинети се личниот лекар на Марадона, неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косачов, психологот Карлос Анхел Дијаз, докторката Ненси Едит Форлини, клиничкиот лекар Пабло Ди Спања и медицинските сестри на кои им се суди за убиство од небрежност.

Доколку бидат прогласени за виновни, би можеле да добијат затворски казни од осум до 25 години.

На осмиот обвинет, медицинската сестра Дахијана Мадрид, треба да ѝ биде судено одделно во јули оваа година.

Марадона почина во ноември 2020 година, во својот дом, од срцев удар. Аргентинската фудбалска легенда почина на 60-годишна возраст, додека се закрепнуваше од операција за отстранување на згрутчување на крвта, која му беше извршена неколку денови претходно.

Поврзани содржини