СУДБИНАТА НА УКРАИНА ЌЕ СЕ КРОИ ВО ДУБАИ? Најавена трилатерална средба со САД и Русија

Зеленски посочи дека овој состанок може да донесе завршување на војната ако сите страни сериозно се ангажираат.

672

Во Обединетите Арапски Емирати ќе се одржи трилатерална средба меѓу претставници на Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, што се толкува како знак дека мировните преговори за завршување на војната во Украина се интензивираат, најави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Светскиот економски форум.

Средбата, која ќе трае два дена – петок и сабота, ќе се одржи во Дубаи и на неа ќе учествуваат високи украински делегации, вклучувајќи го шефот и заменик-шефот на кабинетот, како и началникот на Генералштабот.






Зеленски посочил дека повикал и украински воени претставници за да бидат присутни на дијалогот и нагласил дека овој состанок може да донесе завршување на војната ако сите страни сериозно се ангажираат, но предупредил дека конфликтот ќе продолжи ако не се работи сериозно.

Оваа средба следи на интензивните дипломатски напори и разговорите што веќе се водат со меѓународни партнери со цел да се најде пат кон мир во Украина.

Поврзани содржини