СУДБИНАТА ГО СПАСИЛА МЛАДИОТ ЏАФЕР Погрешно го чекирал багажот и го пропуштил несреќниот автобус на „Беса транс“ (ВИДЕО)
Таткото на Џафер Долек за Телевизија Сител раскажува како се спасил неговиот син.
Младиот скопјанец Џафер Долек погрешно ги чекирал своите куфери и морал да се качи во друг автобус на „Беса транс“. Така, судбината го спасила од трагичната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во кој загинаа 45 патници.
Телевизија Сител разговараше со Екрем, таткото на 30-годишниот Џафер Долек, кој раскажа како среќна околност го вратила неговиот син дома жив и здрав.
Погледнете ја сторијата на Телевизија Сител: