СУДАН ПЛИВА ВО ВОДА, ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД МАЛАРИЈА Поплавите погодија 1,4 милиони луѓе, а 379.000 жители останаа без домови

Поплавите ги погодија жителите на 43 области на Јужен Судан.

323

Поплавите во Јужен Судан погодија 1,4 милиони луѓе и раселија над 379.000 луѓе, соопшти денеска Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања (OCHA).

Агенцијата на ОН предупреди на повторна појава на маларија во неколку региони погодени од лоши временски услови.






„Маларијата го загрозува здравствениот систем и ја влошува состојбата и влијанието во подрачјата погодени од поплавите“, се наведува во соопштението на агенцијата на ОН.

Јужен Судан се соочува со најголеми поплави во последните децении, особено на северот, наведуваат хуманитарните групи.

Поплавите ги погодија жителите на 43 области на Јужен Судан.

Поврзани содржини