Сучам, сучиш, сучи, сучиме, сучите, сучат…Ќе учите да сучите?
Наместо со нуркање, едрење, банџи скокови, рафтинг, скај дајвинг или возење со глисер, годинава летниот одмор можете да го искористите за да научите да сучите, да трагате по тартуфи и шафран, да плетете кошници, да едрите по езеро, да ѝ се вратите на традицијата, или допрва да ја запознаете
Ако изминатите години одевте, планиравте да одите или само сонувавте летниот одмор да го поминете во Шпанија, Египет, на Кипар, во Турција, Хрватска, или дури на Бали, Тајланд и Мароко, годинава, дефинитивно, повеќето од нас остануваат тука, во Македонија, а одморот го минуваат, во Охрид, Струга и Дојран, но и во Дихово, Брајчино, Беловиште, Лазарополе, Тресонче, Смоларе, Рамне…
И наместо со нуркање, едрење, банџи скокови, рафтинг, скај дајвинг или возење со глисер, годинава летниот одмор можете да го искористите за да научите да сучите, да трагате по тартуфи и шафран, да плетете кошници, да едрите по езеро, да ѝ се вратите на традицијата, или допрва да ја запознаете, да научите сѐ што сте заборавиле, а можеби некогаш порано, сте го правеле заедно со вашите баби и дедовци.
Токму во кујната на баба ѝ почнала и кулинарската приказна на Наташа Неданоска која сега заедно со своето семејство и нивната ПИРУСТИЈА, како што е името на нивното селско домаќинство сместено на три километри од Охрид, во селото Рамне, е дел од платформата Genuine Experiences.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.