Субвенции за велосипеди ќе добијат 420 Аеродромци

Во текот на оваа недела ќе бидат изработени решенијата, по што ќе следува повратот на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

234

На јавниот повик за субвенционирање велосипеди во Општина Аеродром пристигнаа 423 барања, од кои 420 се прифатени, 2 одбиени поради нецелосни документи и 1 повлечено.

Во текот на оваа недела ќе бидат изработени решенијата, по што ќе следува повратот на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.






– Целта на овој проект е поттикнување на граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Поврзани содржини