СУБВЕНЦИИ ЗА ПРИКЛУЧОК Арсовска вети гасификација на Бутел

271

Нема да има повеќе заборавени населби, сите оние населени места кои беа заборавени во Скопје во овие четири години, а живеат во субстандардни услови, со посебна програма за Љуботен, Љубанци, Радишани и сите останати, ќе почнеме со решавање на проблемите уште од првиот ден, истакна Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Град Скопје во Бутел на вечерашната средба со граѓаните.

– Првиот проект е бесплатен јавен превоз за сите скопјани и за сите населени места во Скопје. Секаде каде се пешачи со километри за да стигнат до автобуска станица, повеќе нема да пешачат и ќе имаат удобен и навремен превоз со 250 нови еколошки автобуси, граѓаните веќе нема да чекаат – рече таа.






Арсовска посочи дека скопјани и бутелчани заслужуваат да живеат во убав град и средени населени места, а Костовски ќе има вистински поддржувач во градот и заедно ќе се реализира се она што е предвидено и зацртано со програмата.

– Ќе овозможиме да има гасификација за секое домаќинство и ќе се субвенционира приклучокот за истиот, а за овој дел од Скопје ќе овозможиме внатрешна обиколница која ќе ги поврзува Гази Баба и Бутел со останатите населби, тоа е новиот булевар Хрватска кој, исто така беше ветен, но не беше реализиран, а ние ќе го направиме, а истото ќе овозможи подобро и сигурно поврзување на општина Гази Баба со Бутел и Чаир –   рече Арсовска.

Таа најави предвидува изградба на натпатник од Лазо Трповски до Боца Иванова, реконструкција на улицата Александар Ударевски, улица Радишанска, од Боро Кралевски до последна 57-ца, улица Бутелска, како и кракот до булевар Христијан Тодоровски-Карпош.

 

Арсовска истакна дека во градот ќе има дигитален паметен систем за функционирање, како и зголемување на субвенциите за електрични велосипеди и тротинети, а ќе нема затворена врата во Град Скопје за ниту еден граѓанин на Бутел.

Поврзани содржини