СУАТ Е РЕКОРДЕР-МИЛИОНЕР Видеолотарија им исплати 75 милиони денари на играчите за 6 месеци
Фантастична сума од 75.397.271 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија им го исплати на играчите на единствената легална платформа за игра на среќа во Македонија-2win.mk, за џекпот добивки во првата половина од 2023 година.
Во првите шест месеци од 2023, Видеолотарија Касинос Австрија на играчите кои се забавуваа на единствената легална платформа за интернет игри на среќа 2win.mk, им исплати фантастична вкупна сума од 75.397.271 денари за џекпот добивки. Во овој период се освоени вкупно 23.316 џекпот добивки. Од нив, рекордниот добитен износ вреден 4.025.906 денари, го освои играчот Суат.
– Единствената легална платформа за игри на среќа во Македонија, во првата половина од 2023 на играчите им понуди можност за забава и со наградната игра „Сврти, типувај и награди собирај“. Играта имаше богат фонд на награди, парични и стокови, во збирен износ од фантастични 13.800.000 денари, а беше достапна од 03.04.2023 година до 01.07.2023 година за категориите спортско обложување, видеолотарија и електронски игри. Најсреќни во оваа наградна игра беа Александар Мирчески и Михајло Роџевски. Роџевски го освои автомобилот „мерцедес Benz GLA 180“, во категоријата видеолотарија, а Мирчески во спортско обложување – рекоа од Видеолотарија.
Оттаму потсетуваат дека забавата на единствената легална платформа за игри на среќа во Македонија 2win.mk продолжува.