Суарез: Меси сакаше да си замине од Барселона поради мене

Суарез беше исфрлен од „Камп Ноу“, откако клубот објави дека повеќе не им е потребен. Меси тогаш се изјасни против одлуката и остро го критикуваше начинот на развој на ситуацијата.

322

Луис Суарез го коментираше начинот на кој ја напушти Барселона, како и реакцијата на неговиот поранешен соиграч Лионел Меси. Вчера напаѓачот играше за репрезентацијата на Уругвај и постигна гол во победата над Чиле од 2:1.

Суарез беше исфрлен од „Камп Ноу“, откако клубот објави дека повеќе не им е потребен. Меси тогаш се изјасни против одлуката и остро го критикуваше начинот на развој на ситуацијата.






– Не сум изненаден од Меси затоа што многу добро го познавам. Ја знам болката, а исто и јас. Тој почувствува дека ме исфрлија од клубот. Имаше и други начини да се однесуваат правилно кон мене. Овие работи направија да се чувствувам лошо, а моето семејство виде дека тоа влијае на мене. Кога се јави Атлетико, не се двоумев ни за момент – изјави Суарез.

Уругваецот одлично ја започна својата кариера во Атлетико Мадрид. Тој постигна два гола и асистираше на својот прв натпревар за клубот, иако влезе како резерва.

Поврзани содржини