СТУДИРАЊЕ ВО САД? НО НЕ И НА ХАРВАРД Странски студенти повеќе нема да стапнат на кампусот
Одлуката веднаш стапи на сила, соопшти американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска донесе драматична одлука – престижниот Универзитет Харвард ја изгуби лиценцата за прием на странски студенти. Одлуката веднаш стапи на сила, соопшти американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.
– Со стапување во сила веднаш, сертификацијата за Програмата за студенти и посетители на размена (SEVIS) на Универзитетот Харвард е одземена – наведува Ноем во писмо испратено до раководството на институцијата, која е дел од елитната Ајви лига.
„SEVIS“ е главниот систем преку кој странски студенти добиваат дозвола да студираат во САД. Одлуката се толкува како дел од ескалирачката политичка пресметка помеѓу Трамп и либералните академски кругови.