СТУДИЈА ОТКРИВА КАКО ДО „СУПЕРИМУНИТЕТ“ Покрај вакцинацијата, сепак потребна е инфекција со ковид-19

Иако ниту еден од испитаниците во студијата не бил заразен со поновиот сој омикрон, Карлин рече дека „врз основа на резултатите од оваа студија, би очекувале дека пробивните инфекции со сојот омикрон ќе генерираат сличен силен имунолошки одговор кај вакцинираните луѓе“.

7,095

Со оглед на тоа што сојот омикрон на коронавирусот навидум до одреден степен може да го избегне имунитетот предизвикан од вакцините, истражувачи во Орегон дошле до нова формула за „суперимунитет“ – а таа на крај вклучува фаќање на вирусот.

Иако раните истражувања покажуваат дека варијантата омикрон може да биде поотпорна на вакцини од претходните соеви, новата студија на истражувачите од Универзитетот за здравје и наука во Орегон покажува дека целосната вакцинација, проследена со инфекција со ковид-19, дава досега најсилна заштита, нешто што истражувачите го нарекуваат „суперимунитет“.






Студијата, која признава дека вакцинацијата не е толку ефикасна како што некогаш се мислеше, поради т.н. „пробивни инфекции“, односно заразување на вакцинирано лице, откри дека луѓето што се вакцинирале, а потоа фатиле ковид-19, имаат 2.000 % повисоки нивоа на имунитет од оние што биле само вакцинирани.

– Не можете да добиете подобар имунолошки одговор од ова – рече професорот на ОХСУ Фикаду Тафесе за сајтот на универзитетот, додека коавторот на студијата Марсел Карлин рече дека резултатите укажуваат на „намалување на сериозноста на светската епидемија”.

Иако ниту еден од испитаниците во студијата не бил заразен со поновиот сој омикрон, Карлин рече дека „врз основа на резултатите од оваа студија, би очекувале дека пробивните инфекции со сојот омикрон ќе генерираат сличен силен имунолошки одговор кај вакцинираните луѓе“.

Карлин ги опиша вакцините против ковид како „темел за заштита“, врз кој може да се изгради овој таканаречен „суперимунитет“.

Други истражувања исто така укажаа на заштитата што ја нуди комбинираниот пристап. Една израелска студија покажа дека оние со природен имунитет имале 13 пати помали шанси да се заразат со сојот делта од оние што примиле две дози од вакцината на Фајзер, додека учесниците што имале природен имунитет и примиле една доза вакцина биле уште позаштитени од реинфекција од оние што имале само природен имунитет.

Поврзани содржини