Студија: Болните од срце ги избегнуваат болниците поради ковид-19 и затоа умираат повеќе
Експертите од американскиот Институтот за срце „Providence“ разгледале записи на повеќе од 15.000 пациенти кои доживеале срцев удар помеѓу 30 декември и 16 мај годинава.
Според најновите истражувања, срцевите пациенти имаат поголема веројатност да избегнуваат да одат во болници поради пандемија на коронавирусот, дури и ако имаат симптоми на срцев удар.
Експертите од американскиот Институтот за срце „Providence“ разгледале записи на повеќе од 15.000 пациенти кои доживеале срцев удар помеѓу 30 декември и 16 мај годинава.
Тие забележаа намалување на бројот на хоспитализации во однос на претходниот период. Тие исто така забележаа дека пациентите со сериозни проблеми со срцето починале во значително поголем број отколку порано, пишува „CNN“.
Помладите срцеви пациенти почесто оделе во болници
Студијата покажа дека има значително намалување на хоспитализациите на почетокот на пандемијата во САД. Оние што се хоспитализирани за срцев удар за време на пандемија, обично биле приближно 1 до 3 години помлади од просекот на пациенти пред почетокот на ковид-19.
Авторите на студијата веруваат дека причината за ова е пад на нивото на хоспитализација кај постарите пациенти, дури и ако тие имаат симптоми на срцев удар, затоа што е познато дека постарите луѓе со поголема веројатност имаат сериозни симптоми во случај на инфекција со коронавирусот.
Истражувачите исто така забележале дека оние луѓе кои биле хоспитализирани за време на пандемијата за срцев удар поминувале помалку време во болница отколку пред пандемијата. Причината за ова може да биде недостаток на слободни болнички легла поради големиот број на пациенти со ковид-19.
Поголема смртност по сериозен срцев удар
За време на студијата не се пронајдени докази дека лекарите им пристапиле на пациенти со срцеви проблеми поинаку отколку пред пандемијата. И покрај ова, имало значително зголемување на смртноста кај пациенти кои претрпеа потежок вид срцев удар („STEMI“, трансмурален инфаркт).
– Во споредба со периодот пред пандемијата на ковид-19, пациентите со трансмурален инфаркт имаа статистички поголем ризик од смртност во подоцнежниот период на пандемија – пишуваат експертите во студијата.